Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, пред половина час самиот се предал и се пријавил во затворот во Шутка каде треба да биде ви притвор, објави Либертас, наведувајќи дека информацијата за порталот ја потврдиле извори од МВР.
За Панчевски вчера беше распишана потерница по барање на велешкиот суд, откако му беше изречена мерка притвор, поради тоа што не се појавуваше на рочишта, на кој треба да му се суди за злоупотреба на електронскиот систем за распоредување судски предмети.
Можеби ќе ве интересира: