Реклама

Виз Ер ги суспендираше летовите помеѓу Италија и Република Македонија

Wizzair avion

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави дека како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до Република Македонија, ги суспендира сите летови помеѓу Италија и нашата држава до 31 јули.

Zito akcija 640x289px

Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.

Agria

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата.

Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението од Виз Ер.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8437/uapsen-vladimir-panchevski/