Приведени членови на избирачки одбори од Кавадарци

Kavadarci plostad
Kavadarci plostad

Околу четириесет лица вечерва се повикани на разговор во полициската станица во Кавадарци, поради сомнежи за организирање изборни нерегуларности, објави порталот Дума. Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски ја потврди информацијата и најави повеќе детали за утре.

Zito akcija 640x289px

Според неофицијални информации на порталот, четириесетина лица, членови на избирачки одбори, инаку членови на ВМРО-ДПМНЕ, го фотографирале избирачкиот список и го препраќале во вибер група на активисти на партијата. Потоа активистите имале задача да ги изнесат на гласање луѓето кои не гласале.

Agria

Фотографирањето на избирачки список е кривично дело исто како и сликањето на гласачко ливче.

Извор: duma.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: