Корона вирусот затвори две нови конфекции во Штип. Бројот на новозаразени не претстанува да расте уште од крајот на Мај. Само во последните три дена во Штип се регистрирани близу 50 нови позитивни случаи. Од Центарот за јавно здравје во Штип велат вирусот го има секаде и во конфекции, институции, фирми.
„Новите случаи се поврзани со претходните конфекции и нивните контакти, но случаи на вирусот има во фирми што не се поврзани со нив. Само во последнава недела позитивни на корона вирус се појавија во три нови текстилни фабрики. Од каде се денешните случаи ќе покаже епидемиолошката анкета“, велат од Центарот за јавно здравје.
Голем раст на нови случаи има во Свети Николе и таму бројката на ново заразени за само три дена порасна за над 40. Во моментот таму има 124 граѓани со Ковид 19, уште толку се во изолација. 45 се текстилни работнички од светиниколска Мода, што, што заедно со Кемтекс останува затворена до понеделник.
“Добро е што од нашите две фабрики 80 % од позитивните случаи се асимптоматски, доколку не го направивме скринигот заразата ќе се ширела во погоните. Одлуката што ја донесовме за скрингот е добра и во моментов чекаме резултати за 90 работници”, вели Ангел Димитров, МОДА АД Свети Николе.
Засега инфективното одделение во Штип може да ги прими пациентите кои имаат потеба од болничко лекување. Во моментот таму се хоспитализирани 53 пациенти од кои 11 се на килсородна подршка.
Можеби ќе ве интересира: