Реклама

Филипче: Можни се рестрикции само ако се пополнат болничките капацитети

Venko-Filipce

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека можна мерка забрана за движење, при рапидно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот  може да има само ако се пополнат болничките капацитети.

Zito akcija 640x289px

„Ние во овој момент индикација за тоа немаме. Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението“, рече Филипче.

Agria

Филипче додаде дека имаме потпишано писмо до Светската здравствена организација да влеземе во планот за распределба на вакцината тогаш кога ќе биде на располагање.

Министерот за здравство потсети дека Македонија е една од ретките земји која има протоколи за функционирање на бизниси компании, угостителски објекти, плажи,хотели, базени.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8753/partiite-ne-uspeaja-da-gi-motriviraat-veleshani/