Реклама

СЕ УДАВИ ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ ОД СЕЛО БАЊИЦА

И Бањица, но и околните села Сливник, Клуковец и Јаболчиште тагуваат по деветгодишната Ешуриме Беќирова, чие тело утрово беше извадено од водите на Бањичка река. Девојчето се удави вчера, кога заедно со својот брат отишле токму на ова место, да наполнат кофа со вода од реката. Во еден момент таа се лизнала и паднала во водата. Нејзиниот помал брат истрчал до нивната куќа, која се наоѓа на 200 метри од реката за да повика помош. Но, брзите води на надојдената река ја однеле малата Ешуриме.

Zito akcija 640x289px

„Детето го пратиле да фрли нешто од кофата и тоа не дошло тука кај мостот, поблиску му било доле и се симнало. Било заедно со братчето. Деојчето се лизнало, паднало во вода, братчето се уплашило и врескајќи отишло дома“, раскажува Зулфи Исламовски, жител на селото.

Agria

„Јас појадував дома и гледам таму од прозорецот мали деца и дојде мајка им, расплакана, рече – детето ми отиде по река. Јас го оставив појадокот, ги облеков чизмите, се стрчав и влегов во реката. Одев четири километри низ реката за да видам дали ќе го најдам детето“, рече Трајче Јанков, кој се нашол меѓу првите н а местото на есреќата.

Селаните не паметат ваква несреќа во нивнот село. Велат дека Бањичка река најчесто е речиси без вода. Но, дождовите кои деновиве паднаа, го наполнија коритото, а најопасно било токму вчера, кога реката била и длабока и брза. Затоа и вчерашната потрага во која освен селаните, учествуваа и спасувачки тимови на Дирекцијата за заштита и спасување и на Продивпожарната единица, заврши неуспешно.

„Реката вчера беше прилично голема. По несреќата од Чашка дојде булдожер да ја сопре водата, за да се намали нивото на реката и евентуално телото да се види, но потрагата вчера беше неуспешна. Ноќеска реката намали и утрово го најдоа детето удавено“, раскажа Богдан Андреевски од село Бањица.

Телото на девојчето, утрово околу седум часот и 30 минути го пронајде нејзиниот чичко, на околу 300 метри од местото каде што детето паднало. Во куќата на семејството Беќирови од утрово доаѓаат соселани да изразат сочувство за загубата. Ешуриме беше ученичка во четврот одделение во основното училиште во Чашка. Имаше уште осум браќа и сестри. Утрово јавен обвинител утрово направи увид на местото на несреќата, по што ќе бидат посзнати деталите како се случила оваа несреќа.