Реклама

Затворен ноќниот клуб Аватар

3B3A5131-854D-4F6B-B97E-810B57A86D7F_cx0_cy7_cw0_w1200_r1

Државната пазарна инспекција утрово го затвори ноќниот клуб Аватар во Струмица. Ова го потврди и директорот на инспекторатот Стојко Пауновски за порталот фактор.

Zito akcija 640x289px
20200721092825

Во локалот се организираа забави за младите, со голема бројка на посетеност, кои не ги почитуваа препораките за одржување дистанца и носење маска.

Agria

Инспекцијата на терен затекнала состојба на непочитување на мерките за заштита на здравјето на граѓаните во услови на пандемија. ДПИ веќе изрече парични казни во висина од 2.500 евра за правниот субјект и уште 500 евра за одговорното лице. Дополнително директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, најави дека ќе биде поднесена и кривична пријава, за што управителот може да добие казна затвор од една до четири години.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8850/paczient-skoknal-od-shestiot-kat-na-bolniczata/