Реклама

21-годишно момче истепало малолетничка во Превалец

Policija lenta

21-годишно момче вчера истепално 17-годишна девојка во близина на фудбалското игралиште во населба Превалец. Полицијата добила пријава за инцидентот околу 13:15 часот.

Zito akcija 640x289px

„На 20.07.2020 околу 13.15 часот во СВР Велес било пријавено дека во нас. Превалец, Велес, во близина на фудбалското игралиште, малолетничка на возраст од 17 години од Велес била физички нападната од О.Ш. (21)“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Agria

Утрово е пријавен уште еден физички напад во Кавадарци, кога 36-годишен кавадарчанец бил нападнат од две лица.

„На 21.07.2020 во 03.00 часот во Полициската станица Кавадарци, Б.П. (36) од Кавадарци пријавил дека на ул.„Страшо Пинџур“ во Кавадарци бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти Додевски.

По целосно документирање на случаите, полицијата ќе поднесе соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8850/paczient-skoknal-od-shestiot-kat-na-bolniczata/