Аргентина втор ден по ред запишува рекорден број нови случаи на новозаразени со коронавирусот. Претходниот ден, потврдени се 5 782 нови случаи на вирусот во Аргентина, додека во вторникот имаше 5 344, соопшти Министерството за здравство.
Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во Аргентина е 141 900. Уште 98 лица починаа во последните 24 часа, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 2 588.
Повеќе од четири милиони случаи на Ковид-19 и речиси 175 000 смртни случаи се потврдени во Јужна Америка и Карибите до денес. Потврдени се вкупно 4 026 527 случаи на Ковид-19 во 33 земји во регионот. Починале 173 398 лица.
Можеби ќе ве интересира: