Реклама

Одбраната бара укинување на притворот за Панчевски

Pancevski sud 1

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, седна на обвинителната клупа во Велешкиот суд. Тој рече дека не го разбира обвинението и побара увид во доказите.

Zito akcija 640x289px

Во судницата, преку неговите адвокати побара од судечкиот совет укинување на притворот. Образложението, според, неговите адвокати е дека Панчевски се уште има имунитет – односно, дека од врховниот суд не го добил решението по жалбата да биде разрешен од функцијата. По завршување на рочиштето, неговиот адвокат оцени дека во судот имало кршење на законите.

Agria

Поранешниот прв човек на Кривичниот суд – Скопје е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот, односно дека влијаел во распределбата на предметите во Кривичниот суд.

На последното рочиште на 10 јули откако Панчевски не се појави на судењето, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. По пет дена, на 15 јули, Панчевски сам се пријавил во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Судењето против Панчевски продолжува во понеделник.

Можеби ќе ве интересира: