По 86 години со денешната џума, Аја Софија повторно е отворена за молитва. Турскиот суд, на 10-ти јули ја поништи одлуката донесена во 1934 од некогашната Влада на таа земја дека тоа е музеј.
Тројца имами, беа ангажирани за денешниот чин. На 11 контролни пунктови се чекаше ред во делот за молитва. По дезинфекцијата, се делеа маски и молитвени душеци за една употреба. Проценките се дека 350 илјади верници присуствуваа на молитвата. А меѓу нив и претседателот Ердоган, кој беше дочекан со громогласен аплауз. Всушност лично тој ја разгоре долгогодишната желба на турските националисти и исламисти, на Аја Софија да и биде вратен статусот на џамија од музеј. Неговата одлука предизвика жолчни дебати во истанбулското општество, но за верниците, денешниот чин е радосна вест.
Во Грција и на Кипар по повод денешната прва муслиманската молитва во базиликата Аја Софија во Истанбул, која го изгуби статусот на музеј и е претворена во џамија, црквите ѕвонат во знак на протест и знамињата се спуштени на половина копје, а патријархот на православната црква ќе служи специјална миса денес попладне.
Портпаролот на грчката влада Стелиот Пецас кажа дека денес е тежок ден и дека „сенки надвиснаа над нас“ со претворањето на Аја Софија во џамија.
Можеби ќе ве интересира: