ДИК во текот на денешниот ден на јавна седница треба да ги објави конечните официјални резултати од парламентарни избори кој се одржани на 15 јули.
Потоа на свечена седница ќе им бидат врачени уверенијата за мандатите на пратениците. Објавувањето на конечните резултати доаѓа откако Управниот суд вчера ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија.
Одбивањето на тужбите значи дека нема промена во првичните резултати, па така коалицијата предводена од СДСМ ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, Алијансата за Албанците и Алтернатива – 12, Левица два пратеника и еден од ДПА.
Потоа на тема избори е конститутивната седница, што треба да се одржи најдоцна 20 дена од изборите, односно до 4 август. Седницата ја свикува претседателот на собранието од претходниот состав Џафери, кој во моментов поради пневмонија моментално се наоѓа во болница.
Откако собранието ќе се конституира претседателот на државата има рок од десет дена да му го даде мандатот за состав на влада на партијата која има најмногу пратеници. Мандатарот или во случајов СДСМ, имаат рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието да му поднесе програма и предлог состав на Владата.
Можеби ќе ве интересира: