Реклама

Свети Николе добива мобилен пункт за тестирање за ковид 19

Sveti Nikole

Свети Николе добива мобилен пункт за тестирање на коронавирус. Одлуката е донесена денеска, но од Општинскиот кризен штаб велат дека се уште ги чекаат деталите кога и како ќе почне да функционира. Се уште чекаат одговор и на нивото барање за санитетско возило за транспорт на болните од Ковид 19 до болниците во Штип и Велес. 

Zito akcija 640x289px

Иако бројката од 188 активни случаи за Свети Николе е голема, лидер по растот на новозаразени од коронавирус на истокот од државата е Штип. Таму заклучно со вчера се регистрирани 380 активни случаи, од кои околу 200 во контакт со вирусот дошле од почетокот на јули. Со оглед на бројот на земени брисеви и непочитувањето на мерките се очекува бројката да расте и наредните денови. 

Agria

Конфекциите каде има поголем број заболени се затворени, а поединечни случаи се појавија во шест нови. Викендов првите случаи на позитивни на коронавирус се појавија и во Македонска Каменица, каде досега немаше ниту еден заболен. Првиот случај е вработен во рудникот „Саса“. На штипско Инфективно се лекуваат 49 пациенти, а еден поради влошување на состојбата  е испратен на лекување во Скопје.

Можеби ќе ве интересира: