Реклама

Велешката полиција со старо-нов началник

Policija patrola naslovna

МВР извести дека од денеска, во согласност со законските одредби за функционирање на т.н. техничка влада,  повторно се вратени  на старите раководни функции 14 раководни лица, кои беа сменети од екс-министерот Наќе Чулев. На своите позиции се враќаат,  началникот на скопската полиција, Тони Јакимовски, на СВР Охрид, Сашо Смилески, во Штип должноста ја презема Марјан Коцев, во Битола Славко Јованоски.

Zito akcija 640x289px

На чело на велешката полиција повторно се враќа Злате Јаневски, Игор Каравиловски во Прилеп, и Танчо Пројковски во струмичката полиција, како и началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ.

Agria

Со специјалните единици пак ќе раководи Бранко Трајановски а командант на специјалците им е Митко Даневски.

Примислав Димовски продолжува на началничката функција во Интервентната единица, а како помошници на министерот се враќаат Марјан Здравковски и Дејан Андонов.

Лазе Велковски се враќа на должноста началник на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал.

Можеби ќе ве интересира: