Апелација го отфрли барањето на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, за изземање на Велешкиот суд и префрлување на предметот во Скопје. Според Апелацискиот суд, Судот во Велес е надлежен да му суди на Панчевски.
По оваа одлука на Апелација, судењето продолжи во Велес со рочиште на кое беа сослушани четири сведоци, службеници во скопскиот Кривичен суд.
И денеска адвокатите на Панчевски побараа тој да излезе од притвор и да продолжи да се брани од слобода, покажувајќи документ од Агенцијата за вработување, со кој тврдат дека Панчевски се уште е во работен однос, а со тоа и имунитет на судија.
Владимир Панчевски е обвинет дека додека бил претседател на Кривичниот суд Скопје, направил злоупотреба со распределбата на предмети на судии.
Панчевски е во притвор од 15 јули, кога самиот се пријави во истражниот затвор Шутка, откако претходно три дена не беше достапен. Судењето продолжува идниот вторник.
Можеби ќе ве интересира: