Реклама

Земјоделци ја блокираа зградата на Општина Свети Николе

Или разумен договор за периодот на рестрикции на водата за наводнување или во понеделник ќе блокираат патишта. Ова го порачаа земјоделците од светниколските села Мустафино и Ерџелија кои денеска со триесетина трактори излегоа на предупредувачки протест пред општина Свети Николе. Велат вода до нивите почесто нема отколку што има, а штетите се огромни бидејќи во атарот на овие села најмногу се сее пченка и луцерка, култури што бараат  вода.

Zito akcija 640x289px

„Додека ја пуштат ја нема, додека ја пуштат ја нема, што да правиме. Во Кочани оризовите насади се наполниле, а во Ерџелија и Мустафино не можат да навадат ниту четири хектара“ рече земјоделец од светиниколско

Agria

„Не сме ние против да има вода во Беширово, Црнилиште или други села, но ние кога треба да наводнуваме ние вода немаме. Сите што сме дојдени тука не е дојден од арно“ изјави земјоделец од светиниколско

„Педесет отсто од тоа што го очекувавме дека ќе роди го нема поради ненаводнување, а капак на се и град не зафати па столчи многу род“ рече земјоделец од светиниколско

Со рестрикциите се засегнати околу 250 земјоделци. За плаќање им тежат и концесиите и неможноста да го испорачаат договореното, а поради немањето соработка со првиот човек на водостопанство Свети Николе бараат негова смена. Тврдат  и порано имало рестрикции но решение секогаш се наоѓало.

„Вода нема, ќе не примат, ќе разговараме , ќе ја решиме ситуацијата. Толку дена треба да има рестрикција , ќе се договориме и колку можат да издржат растенијата. А сега немаме никаква соработка“ изјави земјоделец од светиниколско

Првиот човек на подружницата на Водостопанство во Свети Николе вели дека рестрикциите се воведени за да има правилна распределба на водата за наводнување за сите населни места. До лани се фаворизирала едната страна, а нивите во селата на крајот од каналската мрежа постојано биле суви.

„Ние со земјоделците што сега протестираат сме имале неколку средби, но тие се многу тешки за разговори и не ги прифаќаат нашите аргументи и новите услови. На состаноците навредуваат и се закануваат за  што постои видео снимка, а заканите се пријавени и во полиција“, вели Митко Костадинов, раководител на подружница Овче поле.

Вода не стигнува до нивите не само поради високите температури и сушата туку и поради дивите приклучоци. Од Водостопанство веќе формирале и комисија што треба да ги лоцира со што значително ќе се намалат загубире низ каналската мрежа.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/9403/aleksandar-naumov-brako-uspevame-da-odrzhime-kontinuitet-vo-proizvodstvoto-i-da-go-zachuvame-sekoe-rabotno-mesto-i-pokraj-site-predizviczi/