Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана е заразен од корнонавирус, пренесе Ројтерс. Тој завчера е примен во болница во Мадрид откако бил позитивен на тестот за овој нов вирус.
Извори на агенцијата тврдат дека здравствената состојба му добра, но дека и натаму ќе биде под лекарски надзор.
Солана (77) беше генерален секретар на НАТО од 1995 до 1999 година, претходно, од 1992 до 1995 година беше министер за надворешни работи на Шпанија.
Тој во понеделникот се појавил на настан, организиран од шефица на дипломатијата на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја.