Реклама

Сведок во случајот Панчевски: Претседателот на судот имаше пристап до рачна распределба на предмети

Во велешкиот суд денеска продолжи судењето на Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје. Прв сведок кој утрово одговараше на прашања на обвинителството и одбраната е Горан Митев од скопската фирма “Еду Софт”, кој го изработила и имплементирала АКМИС системот за електронско водење судски предмети.

Zito akcija 640x289px

Тој објаснуваше како работи софтверот, а најмногу беше испрашуван во делот на рачната распределба на предмети. Митев рече дека во софтверот постои опција за рачна распределба на предмети кај судии ако тој има статус на итен и тоа може да го прави само лице кое има овластување и под претходно утврдени критериуми. На прашање од обвинетиот Панчевски дали тој како прв човек на судот некогаш предлагал промени на критериуми кои недостигале во АКМИС системот, сведокот одговори потврдно.

Agria

До крајот на денешното рочиште, како сведок требаше да биде сослушан и судски вештак. Сепак, одбраната се откажа од неговото сослушување, а потоа тоа го стори и обвинителството.

Одбраната приговараше на изготвеното вештачење, бидејќи лиценцата на вештакот приложена во вештачењето била од 28.10.2014, а не била доставена лиценца од 2019 год. кога е извршено вештачењето. Одбраната побара вештачењето да не биде земено предвид, бидејќи не било изготвено од лиценциран вештак.

Обвинителството се противеше на овој предлог, бидејќи смета дека законот кој ја регулира оваа област е јасен и дека лиценците важат пет години.

Вештакот потврди дека лиценцата му важела пет години и истекла во октомври 2019 година, по што тој не ја обновил, но рече дека во време кога го израборувал вештачењето, неговата лиценца важела.

На крајот судот го одби приговорот на одбраната вештачењето да биде издвоено и тоа останува дел од предметот, а вештото лице не беше сослушано.

Владимир Панчевски е обвинет дека како прв човек на скопскиот кривичен суд ги злоупотребувал системот за електронска распределба на предмети наречен АКМИС и рачно, по сопствена желба бирал судии, кои ќе ги судат предметите на тогашното СЈО. Судењето започна пред две недели, откако Панчевски беше обезбеден преку изречената мерка притвор, која во моментов ја издржува во затворот “Шутка”. Речиси цела година тој не се појавуваше на судењата, по што судот му ја изрече мерката за обезбедување. Предметот го суди велешкиот суд поради конфликт на интереси на скопскиот кривичен суд, кој Панчевски го водеше.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/9519/speczijalczite-povtorno-na-teren-prodolzhuva-potragata-po-16-godishnoto-momche/