Тимот на Фулам го совлада градскиот ривал Бренфорд во финалето на англискиот Чемпионшип и обезбеди експресно врачање во Премиер лигата.
Финалето беше одлучено по продолженија, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без голови.
Човек на одлука беше Џо Брајан, кој постигна два гола од 105 до 117 минута. Далсгард во третата минута од судиското продолжение беше стрелец за Брентфорд.
Лондонски Фулам е последниот патник во Премиерлигата, каде место претходно обезбедија Лидс на Егзјан Алиоски и ВБА.
Можеби ќе ве интересира: