СТРУЧЊАЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: По пандемијата со коронавирусот ќе не погоди пандемија со посериозна болест

pacient vo krevet
pacient vo krevet

Новиот коронавирус напаѓа бројни органи кај човекот, а Здружението за нефрологија на САД предупредува дека кај половина од пациентите со тешка клиничка слика на болеста, кои поради КОВИД-19 биле згрижени на интензивна нега, доаѓа и до откажување на бубрезите поради што на голем процент им е потребна дијализа.

Zito akcija 640x289px

Поради ова, стручњаците сметаат дека лекувањето на овие последици ќе трае уште долго по завршувањето на пандемијата со коронавирусот.

Agria

Според здравствените податоци на САД, околу 46 проценти од пациентите кои се примени во болница поради КОВИД-19, имале некаков проблем со бубрезите, а 17 проценти морале да прават дијализа. Она кое посебно го нагласуваат експертите е дека 82 проценти од овие пациенти никогаш претходно немале здравствени проблеми со бубрезите, а кај една третина од излекуваните бубрежната функција од пред заразување со вирусот не им се вратила.

Поради ваквите податоци, стручњаците предвидуваат дека по пандемијата со коронавирусот, светот ќе биде сериозен погоден со овој здравствен проблем.

“Следната епидемија ќе биде епидемија на хронични болести на бубрезите меѓу излекуваните пациенти од новиот коронавирус. Од почетокот на пандемијата гледаме најголема стапка на откажување на бубрези кај пациенти во историјата. Тоа е долгорочен проблем за пациентите, но и за лекарите“, вели нефрологот Стивен Кока.

Извор: pedijatar.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: