Реклама

Експлозијата во Бејрут е трета по сила во историјата на човештвото

beirut-explosion-

Експлозијата во Бејрут, главниот град на Либан, е трета по сила во историјата на светот, веднаш зад атомските бомби фрлени во Хирошима и Нагасаки во 1945 година, вели британскиот стручњак за ефекти од јонизирачко зрачење Кристофер Базби.

Zito akcija 640x289px

И гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, ја спореди експлозијата по која настана и карактеристична „печурка“ со експлозиите на нукеарните бомби во јапонските градови.

Agria

Во пристаништето во Бејрут експлодираа повеќе од 2.700 тони шалитра, хемиско соединение кое има слична експлозивна моќ како ТНТ. Според него, експлозијата на 2.700 тони на шалитра е слична по сила со експлозијата на 2,7 килотони ТНТ.

– Бомбата во Хирошима имала сила меѓу 10 и 12 килотони ТНТ. Според тоа, експлозијата во Либан била една третина од силата на бомбата во Хирошима. Вакви слични експлозии се случиле и во минатото. Една се случила во Тексас, исто така на пристаниште, друга во Германија во дваесеттите години на 20 век во еден магацин. Меѓутоа, експлозијата во Бејрут е најголема по Хирошима и Нагасаки – вели  британскиот стручњак Базби.

https://twitter.com/i/status/1290678176574779395

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/9691/tridnevna-zhalost-vo-liban-zaginaa-najmalku-135-luge-povredeni-5-000-bez-dom-300-000/