СДСМ и денеска соопшти дека ги продолжува разговорите за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.
„Во разговорите со политичката партија ДУИ целосно сме согласни за почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ“се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека преговорите за ново парламентарно мнозинство се во полн ек и дека е потребно стабилно мнозниство во Собранието кое ќе обезбеди формирање нова одговорна Влада која ќе движи силно напред по европскиот пат.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ јавно да каже дали има мнозинство и да не ги манипулира граѓаните.
„СДСМ и нејзините коалиции траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат. СДСМ веќе неколку дена излегува со информација дека има парламентарно мнозинство и дека ќе прави влада, а потоа самите се демантираат“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира: