Најмалку 32 000 луѓе се отпуштени во Босна и Херцеговина од избивањето на пандемијата на коронавирус во земјата, а работодавците најавуваат дека слична судбина ќе им се случи и на десетици илјади повеќе кои сеуште имаат работа.
Сепак, овие податоци се показател за само дел од проблемот затоа што работодавците во БиХ не ги регистрираат голем број на вработени или не плаќаат придонеси за нив, а претпоставката е дека најголем број од оние кои изгубиле работа се меѓу нив.
Светската банка предвиде дека потрошувачката кошничка во БиХ ќе се намали од 3,5 на 6,7 проценти заради пандемијата, а меѓу 35.000 и 85.000 луѓе во земјата би можеле да станат сиромашни.
Голем дел од нив, или 60 проценти од нив нема да бидат опфатени со никаква програма за државна помош, бидејќи тоа се нерегистрирани работници кои ги губат работното место или дел од своите приходи и не ги исполнуваат критериумите за никаква надомест или помош.
Можеби ќе ве интересира: