Нови шест заболени од коронавирус во Македонија, со што вкупната бројка се искачи на 18, објави пред малку на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Владиниот кризен штаб вечерва донесе нови мерки за спречување на ширење на болеста. Се затвораат сите угостителски објекти, кои ќе можат да работат само преку онлајн достава. Забрана за работа е воведена и за трговските центри. Ќе работат само самопослугите и аптеките.
Кризниот штаб одлучи да ги затвори сите помали гранични премини, вклучувајќи го и аеродромот Свети Апостл павле во Охрид.
Еве ги мерките кои Владиниот кризен штаб ги донесе вечерва:
Се затвораат сите копнени гранични премини освен Табановце, Ќафасан , Богородица и Деве Баир.Се затвора охридскиот аеродром. Се забранува влез во земјата и од земјите со среден ризик. Се затвораат моловите, освен продавниците за храна и аптеките во нив. Другите може да работат на друг начин.
Се забранува работа на кафулиња , ресторани , кладилници, казина и спортски обложувалници. Објекти што произведуваат храна може да работат , но без гости само со нарачка.