Вкупната бројка на заразени надмина над 12 000, во Велес нема нови случаи

Covid Macedonia 2
Covid Macedonia 2

Министерството за здравство во последните 24 часа регистрира 141 нови случаи на ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Градовите кои во последно време регистрира голем број на заболени, и денес се со двоцифрена бројка. Скопје со 39 нови случаи, Штип 23, Куманово 10, Гостивар 13, а со голем број позитивни случаи на листата се најде и Кичево со 18.

Agria

Тетово регистрира осум, Струга шест нови случаи, по три има во Битола, Кочани, демир Хисар, Македонски брод и Виница. Два има во во Охрид, а по еден позитивен случај има во Свети Николе, Кратово, Берово, Пробиштип и Прилеп.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти, почината е една пациентка (51г) од Скопје во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12083, бројката на оздравени пациенти е 8248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3306.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: