Google ќе ги објави податоците за вашата локација во обид да помогне со борбата против коронавирусот

google_maps_naslovna

Google јавно ги објавува податоците што веќе ги собира за движењата на луѓето за време на пандемијата на коронавирусот. Компанијата соопшти дека планира да објави „Извештаи за движење во регионот и земјата“, за да ги покаже местата кои луѓето ги посетуваат низ 131 земја и региони. Првиот извештај беше објавен во петокот.

Zito akcija 640x289px

Во својот блог напис Google се надева дека следењето на движење на луѓето може да помогне во обликувањето на одлуките на владите и јавните здравствени службеници за носење на мерки, кои би го спречиле ширењето на коронавирусот.

Agria

Извештаите, кои содржат податоци од два до три дена порано, имаат намера да ги забележат трендовите, на кој луѓето се однесуваат и реагираат на социјалното дистанцирање. Прво по земја, а потоа и по регион, извештаите ќе покажат дали луѓето се упатуваат кон продавници за намирници, аптеки, паркови, работни места и друго. Исто така, ќе покаже колку биле зафатени овие места пред пандемијата.

Компанијата соопшти дека наодите се агрегирани и анонимизирани групи на податоци од корисници кои ја вклучиле опцијата за историја на локација, што е исклучено по default во услугите на Google. Додаде дека нема да објави информации што можат да се користат за идентификување на корисниците, како што е индивидуална локација или контакти.

„Покрај другите ресурси што може да ги имаат службените лица во јавното здравство, се надеваме дека овие извештаи ќе помогнат во одлуките за поддршка на управување со пандемијата COVID-19“, рече Google во објавата на блог написот. „Оваа информација може да им помогне на службените лица да ги разберат промените во патувањата на луѓето и притоа ќе можат да формираат препораки за работното време или да ги дознаат фрекфентните места за испорака“.

Но, потегот на Google за објавување на податоците за локацијата нагласува загриженост околу приватноста. Според Марк Скилтон, директор на мрежата за иновации на вештачка интелигенција во бизнис школата Ворвик во Велика Британија, одлуката на Google да користи јавни податоци „покренува клучен конфликт помеѓу потребата за масовно следење за ефикасна борба против ширењето на коронавирусот и прашањата за приватност и согласност за добиените податоци.”

„Ковид-19 е во толку огромна скала што, доколку соодветно се управува со анонимноста и приватноста, интернет-гигантите и платформите за социјални медиуми би можеле да играат клучна улога во помагањето на луѓето за социјално добро, а не за профит“, рече Скилтон.

Во март, Google потврди за CNN дека истражува начини за употреба на анонимизирани податоци за да помогне во напорите за борба против коронавирусот, а како што објавија и од „Вашингтон пост“. Фејсбук исто така потврди дека работи на слични проекти.

Извор CNN

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: