Екранизмот е сличен на аутизмот: детето развива внатрешни светови

deca so telefon
deca so telefon

Често ги гледаме децата, па дури и малите бебиња, како се забавуваат гледајќи во паметните телефони, таблетите и другите екрани, а она за што многу родители не размислуваат е дека времето поминато пред нив може да остави големи последици врз детското здравје. Во стручната терминологија психотерапевтите го користат новиот израз „екранизам“, кој ги означува негативните влијанија на екранот врз мозокот, а психолозите во текот на работата со децата најчесто применуваат неврофидбек-терапија.

Zito akcija 640x289px

Децата што предолго се изложени на екрани почнуваат да се затвораат во себе, имаат проблем со комуникацијата, говорот, концентрацијата и слично, а ако не се препознаат навреме негативните работи што настанале поради прекумерното поминување време пред екраните, тоа може да има многу поголеми последици. Според зборовите на психологот и психотерапевт Анкица Баковиќ од Босна и Херцеговина, постојат одредени тешкотии во она што детето го „дава од себе“.

Agria

– Тоа е примарно говорот, а потоа концентрацијата, фокусот, будноста или спротивно од тоа – сонувањето. Се покажало дека постојат одредени отстапки кај децата кои по раѓањето не се невроризични, а во првите години од животот, до третата, се гледаат потфрлувања. Покрај сите досегашни дијагнози со кои се занимаваме, а целно се мисли на дијагнозите од спектарот на первазивни развојни нарушувања, таквото дете не спаѓа во таа клиничка слика, а во однос на однесувањето многу е слично со тешкотиите од спектарот на аутизмот – вели Баковиќ.

Негативните влијанија на екранот

Таа објаснува дека во текот на разговорот со родителите доаѓа до информации дека детето во своите први години од животот дневно поминува од четири до пет часа на екран, а некои деца и повеќе.

– Тешкотиите во функционирањето на детето во неговите први години од животот што ги гледаме често се предизвикани од долготраен престој пред екраните. Долготрајно се смета сè што е подолго од половина час, па затоа невропедијатрите велат дека до третата година на детето времето пред екран не би требало да биде ниту половина час. Децата со кои се занимавам, биле четири, пет или повеќе часа во текот на денот пред екран. Детето гледа во мобилниот телефон или таблетот наутро додека јаде, додека мајката прави ручек, откако ќе поспие малку повторно е пред екран, па повторно додека јаде… – додава таа.

Според неа, така поминатото време може да има две негативни влијанија.

– Првото е детето да го вежба она на кое е изложено. Ако детето во раната животна доба е изложено на екрани, тоа вежба да комуницира со екраните. Во првите контакти на детето со екранот тоа се обидува да воспостави комуникација со содржините на него. Со оглед на тоа што содржините не возвраќаат, детето почнува да се затвора во себе бидејќи не добива никаков одговор во комуникацијата. Подоцна тука имаме клиничка слика која изгледа како ориентираност кон себе, што ние често го слушаме како поим сонување (фантазирање) – објаснува таа. Додава дека детето тогаш развива „внатрешни светови“, кои се независни од оние во кои живее.

– Во раната животна доба е научено дека во екранот постои еден свет, а детето за себе развива друг свет и тие два света меѓусебно не комуницираат. Тоа е најголемата штета од екранизмот. Детето не научило да комуницира покрај екранот бидејќи екранот не се усогласува со детето и не ја следи неговата комуникација, па потоа детскиот мозок е извежбан за исклучување. Кога ќе видиме дека тоа излегло од контрола, детето се повлекува во своите светови и ќошиња, или кога ние нешто зборуваме, а тоа нè игнорира, не обрнува внимание на браќата и сестрите, новите гости и слично – тогаш ситуацијата е алармантна“, нагласува Баковиќ.

Многу е важно да се знае, смета Баковиќ, дека она што детето го вежба, на крајот и го совладува. „Децата се раѓаат здрави, а здравиот мозок се усогласува со содржините на кои е изложен. Ако го ставите пред екран, ќе се вежба во своите исклучувања“. Втората негативност што произлегува од екранизмот е тоа што детето, поради времето кое го поминало пред екранот, пропуштило многу нешта, па му е нанесена огромна штета.

Ако имате материјал за куќа, таа нема сама да се изгради. Материјалот може да пропадне. Така е и со здравите клетки во мозокот

– Покрај тоа што мозокот на детето бил еднонасочно стимулиран во раниот животен период, втората штета е што не биле стимулирани сите други центри. Родителите често ни доаѓаат по посетата на невропедијатрите кои им рекле дека магнетот на мозокот е уреден, но не им е јасно зошто детето не зборува. Здравите клетки во мозокот, здравите неврони се материјал кој може да се искористи за уреден когнитивен развој. Но, нема тоа да го направи сам од себе. Ако имате материјал за куќа, таа нема сама да се изгради. Материјалот може да пропадне. Иако сте имале сè, немате куќа. Така е и со здравите клетки во мозокот – бидејќи тие не значат уреден когнитивен развој. Нужна е и дразбата од околината – нагласува таа.

Мозокот функционира според законите на природата

Во раната животна фаза кај детето постојат оптимални фази на развој и периоди кога треба да се воспостави, како што вели Баковиќ, способност за фокус, координација на говорот, мускулна експресија, воспоставување контакт со видот и слично. „Нашиот мозок е дел од природата и тој функционира според нејзините закони. Постојат точно одредени периоди во развојот на детето – што од когнитивно-менталниот план се развива секој месец. Се знае кои способности на детето во кој месец од животот се развиваат, но тоа нема да го прават сами од себе, туку со дразби од околината. Ако детето остане под стаклено ѕвоно, изолирано од тие дразби и „вегетира“ пред екранот, невроните не се поврзуваат сами од себе. За тие клетки во мозокот да се поврзат, настануваат синапси, мрежа на неврони, а мрежата на неврони е способност. Првиот чекор во тоа изостанува поради екранизмот, а тоа е стимулацијата од околината, плус еднонасочната стимулација која детето ја врти кон себе и ја затвора, каде што имаме аутистична слика и забавен јазично-говорен развој“, објаснува Баковиќ.

Неретко низ работата се случувало да дојде мајка со дете кое не го зборува јазикот што го зборуваат неговите родители, туку, на пример, зборува англиски. „Тоа се случува кога детето во таа еднонасочна комуникација било толку упорно за преживување, што почнало да повторува по екранот. Екранот не воспоставува комуникација со детето, но од очај да комуницира со некого, детето почнува да комуницира во смисла на клиповите кои ги презема од содржините на кои е изложено.

Оставете ги децата во кал, вирчиња вода, покрај дрва, камења, да се соживеат и да го стимулираат мозокот.

Извор на веста: deca.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: