Како се одразуваат грубите родителски практики врз мозокот на децата?

Ова е првпат острите родителски практики, кои не значат и сериозно малтретирање, да се поврзат со намалена структура на мозокот, слично на она што го гледаме кај жртвите на сериозни форми на злоупотреба, вели Сабрина Сафрен, една од авторите на новото истражување

Zito akcija 640x289px
RODITEL GO KARA DETETO

Постојаното викање, лутина или удирање врз децата се поврзани со нивниот полош развој, сметаат канадските научници. Конкретно, тие сметаат дека ваквото однесување на родителите може да доведе до проблеми во социјалниот и емоционалниот развој на децата, се наведува во истражувањето објавено во списанието „Development and Psychology“.

Agria

„Мислам дека е важно родителите и општеството да разберат дека честата употреба на груби родителски практики може да му наштети на развојот на детето“, изјавила водечката авторка на студијата Сабрина Сафрен, објаснувајќи: „Зборуваме за нивниот социјален и емоционален развој, како и за развојот на мозокот“.

Претходните студии веќе покажале дека децата кои доживеале тешка злоупотреба имаат помал префронтални кортекси и амигдала. Ова се двата дела на мозокот кои играат клучна улога во емоционалната контрола и растот на анксиозност и депресија.

Истражувачите забележале дека истите овие области на мозокот биле помали кај деца кои во детството во повеќе наврати биле изложени на остри родителски практики – иако децата не биле соочени со посериозно малтретирање.

„Овие откритија се и значајни и нови. Ова е првпат острите родителски практики, кои не значат и сериозно малтретирање, да се поврзат со намалена структура на мозокот, слично на она што го гледаме кај жртвите на сериозни форми на злоупотреба”, вели Сафрен.

Таа се осврнала и на истражувањето од 2019. година, велејќи дека тоа „покажало дека грубите практики на родителство можат да предизвикаат промени во работата на мозокот кај децата, но дека сега е познато дека тие влијаат и на самата структура на детскиот мозок“.

Како дел од истражувањето, децата од раѓање биле проучувани и биле следени различни стилови на родителство. Нивоата на вознемиреност кај децата се мереле секоја година на возраст од две до девет години. Со помош на форми на практики за родителство и нивото на вознемиреност, децата биле поделени во две групи: оние кои биле изложени на мала доза на грубо родителство и оние кои биле изложени на голема доза на грубо родителство.

Кога децата достигнале 12-годишна возраст, направена е магнетна резонанца и до нивната 16-годишна возраст е правена проценка на нивото на вознемиреност.

Ова истражување е прво што се обидело да ги идентификува врските помеѓу грубите практики на родителство, вознемиреноста кај децата и анатомијата на нивниот мозок, пишува The Sun.

„Имајте на ум дека овие деца беа постојано подложени на груби практики на родителство на возраст од две до девет години. Ова значи дека разликите во нивниот мозок се поврзани со повеќекратно изложување на груби практики на родителство за време на детството”, вели Сафрен.

Извор: majkaidete.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19543/svr-veles-podnese-krivichna-prijava-za-32-godishna-veleshanka-pod-somnenie-deka-ukrala-pari-od-nejziniot-dedo/