Неделен хороскоп

horoskop-wrozby-1
horoskop-wrozby-1

Oвен

Zito akcija 640x289px

Во наредниот период ќе бидете многу окупирани со работи од минатото, особено кога станува збор за односот со партнерот. Обидете се да решите одредени работи преку компромис.

Agria

Бик

Односот со семејството е многу критичен поради одредени работи со кои нема да се согласите. Најдобро би било добро да размислите за вашите потези и што ќе одлучите.

Близнаци

Меркур го активира вашето поле на разговор и деловната страна е под влијание на честите разговори во следните десет дена. Љубовната ситуација е стабилна и би било добро да се потпрете на себе. Главоболка.

Рак

Деловното опкружување веќе некое време негодува за вашето однесување, па обидете се одредени работи да ги решите на квалитетен начин. Поддршка ви доаѓа од семејството, особено кога се работи за парични трансакции.

Лав

До крајот на неделата ќе бидете под голем притисок од членовите на семејството кои очекуваат од вас многу повеќе отколку што можете да дадете. Дозволете си да уживате во убави нешта и можно е да запознаете многу интересна личност.

Девица

До крајот на оваа недела се обидовте да направите одредени работи кои беа многу стресни. Од вас зависи како ќе ги поставите вашите приоритети, особено кога станува збор за односите со партнерот и пријателите.

Вага

Во следните неколку дена, од вас зависи како ќе изгледа вашиот деловен живот и што ќе се случи. Обидете се да се концентрирате на вашиот начин на размислување и на она што ви е важно.

Скорпија

До крајот на неделата ќе бидете под силен притисок од личност под знакот Овен, која за вас е одлично деловно откритие и поддршка. Најдобро е да се свртите кон себе и кон вашите желби и потреби бидејќи ви треба одмор.

Стрелец

Од вас зависи како ќе ги гледате работите во однос на работните и деловните амбиции. Кога станува збор за врската со партнерот, потрудете се одредени работи да не ги земате при срце. Партнерот и онака веќе некое време е нервозен.

Јарец

Од вас зависи што ќе се случува во семејството бидејќи вие го имате главниот збор веќе некое време. Партнерскиот однос веќе некое време е нестабилен и имате чувство дека не можете толку брзо да решите одредени работи.

Водолија

Досега можевте да се однесувате како што сакате, но во наредната недела ќе бидете многу активни поради другите луѓе. Позицијата на работа е многу напната поради вашето мислење дека не можете да се промените.

Риби

Активно сте вклучени во туѓи работи и тоа е она што најмногу ве засега. Бидете први што ќе можете да простите, особено во однос на емоционалните проблеми во кругот на семејството. Здравјето е одлично.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: