Рецепт за лазањи со печурки, посен ручек на кој му нема рамен

aaaa posni lazanji
aaaa posni lazanji

Лазањите станаа едно од омилените италијански јадења на нашите простори. Сочниот сос со месо меѓу неколку редови тенко тесто навистина му дава на јадењето неодолив вкус. Добрата вест е што можат да се направат и во посна варијанта, а вкусот е исто толку добар.

Zito akcija 640x289px

Состојки:

Agria

– 1 килограм кора за гибаница
– 1 килограм печурки (шампињони)
– три главици кромид
– три лажици брашно
– 1,5 литар топла вода
– 300 грама растителен кашкавал
– сол, бибер

Подготовка:

На масло пропржете ги ситно исечканиот кромид и печурките, зачинете по вкус и оставете малку да се изладат. Три лажици брашно пропржете во масло во длабок сад, налејте еден и пол литар топла вода и измешајте да се скршат грутките.

Во подмачкана тава наредете три кори, премачкајте ги со сосот од брашно, па со филот од печурки и изрендајте кашкавал. Повторете ја постапката додека не се потроши целиот материјал.

Последната кора само премачкајте ја со сос и печете во рерна загреана на 180 степени околу половина час додека не порумени. Пред сервирање на лазањите, исечете ги на квадрати и посипете ги со уште малку кашкавал.

Уживајте

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: