сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Руски лекар препорачува евтина “имуно бомба” што можете да си ја приготвите

Caj od ren

Пандемијата на коронавирус несомнено го промени нормалниот тек на нашите животи. Веќе речиси заборавивме како функциониравме без постојана употреба на средства за дизинфекција или заштитни маски.

Факт е дека нашите животи никогаш повеќе нема да бидат исти, и откако ќе заврши пандемијата. Сепак, покрај коронавирусот постојат и други сериозни болести кои мора да се третираат и лечат…

Agria

Денес, подобро од кога било ја сфаќаме добро познатата изрека „Подобро да спречиме, отколку да лечиме“, затоа мора радикално да го смениме начинот на живот и исхраната. Ако одбранбениот систем на вашиот организам е силен, сигурно ќе ве заштити од вируси, бактерии, рак и многу други болести.

Познатиот руски онколог Волф Ласкин објаснува дека природните лековити рецепти се најдобри природни имуномодулатори и онкопротектори. Ласкин вели дека ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот и воедно да направите „штит“ против заразните и онколошки болести.

Ласкин тврди дека ренот е растение број еден за имунитетниот систем. Ренот е моќен „сојузник“ во превенција и третман на многу болести, вклучувајќи го и ракот. Секојдневните инхалации на рен, се многу ефикасни за нашите бели дробови.

Можете да си приготвите и чај од рен за посилен имунитет. Изрендајте два корени од рен во два литра вода и варете на тивок оган околу пет минути. Почекајте да се олади, а потоа додадете мед. Пијте 1/3 шолја од чајот двапати на ден.