Болни пациенти има и кај матичните лекари, но и во болниците и во клиниките, каде што се примаат посериозни случаи. Вирусите предизвикуваат стомачни болки, обилна дијареа, а можат да ја зголемат и телесната температура. Неретко, пациентите со стомачен вирус дехидрираат, па мора да примаат инфузии.
Стомачен вирус или гастроентеритис е заболување кое најчесто се појавува кај помладата популација, во текот на целата година, а особено кон крајот на пролетта и во текот на летото. Со зголемувањето на температурите расте бројот на стомачни инфекции предизвикани од различни типови на вируси и бактерии.
Содржината продолжува под рекламата
Гастроентеритис е медицинска состојба која се карактеризира со воспаление на гастроинтестиналниот тракт, кој ги вклучува стомакот и тенкото црево. Тој се нарекува и „стомачен грип“, иако не е поврзан со грипот. За сериозноста на ова заболување упатува и големиот број на регистрирани лица со симптоми на стомачен вирус во текот на една летна сезона (над 20.000 во Република Македонија).
Содржината продолжува под рекламата
Најчести симптоми на стомачниот вирус се повраќање и дијареа. Кај некои лица се појавува само дијареа, без повраќање. Фазата на повраќање обично трае само 1 – 3 дена, додека дијареата може да продолжи и 1 до 2 недели. Исто така, може да се појави главоболка, треска и абдоминална болка. Во многу ретки случаи стомачните вируси може да предизвикаат и компликации, особено кај лицата со намален имунитет, како што се мозочни и срцеви заболувања, воспаление на бели дробови итн.
Стомачниот вирус најчесто се шири при контакт со заболено лице, или индиректно преку загадена вода, храна и предмет. Ова особено е изразено во текот на летните одмори, каде што вирусите и бактериите имаат идеални услови за размножување (топло време, топло море, плажи со многу луѓе).
Можеби ќе ве интересира: