Борец со победа ги заокружи подготовките пред стартот на сезоната

Борец 1919 АД победи на последниот контролен натпревар пред почетокот на новата натпреварувачка 2024/25 сезона од Втората фудбалска лига на Македонија против тимот до 21 година на Брера Струмица со резултат 3:1.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Гостите поведоа во 30 минута од натпреварот, а израмни Јосиф Манасиев во 60 минута. Натпреварот беше решен во последните моменти од натпреварот кога најпрво преку Милан Чичевски од пенал во 89 минута, Борец поведе со 2:1, а веќе во следниот напад со вториот гол на Јосиф Манасиевски го постави конечниот резултат од 3:1.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Во првото коло од ВМФЛ екипата на ФК Борец 1919 АД ја пречекува екипата на Башкими од Куманово.

Можеби ќе ве интересира: