Бразилскиот фудбалски клуб Фламенго се најде на мета на критиките поради враќање на тренинзите на фудбалерите, иако градските власти на Рио де Женеиро не дозволија клубовите да тренираат во време на пандемија од Ковид 19.
„Клубот е информиран дека сите активности мора да бидат прекинати до 25 мај“, соопштија здравствените власти во Рио де Женеиро.
Фламенго, кој минатата година ја освои Копа Либертадорес и бразилската титула, одби да го коментира соопштението.
Фудбалските натпреварувања во Бразил беа прекинати кон средината на март и не е одреден датум за нивно започнување. Бразил бележи брзо ширење на вирусот, досега околу 19000 луѓе починале од коронавирус во Бразил, најмногу од земјите во Јужна Америка.