Григор Димитров кој беше позитивен на тестот за коронавирус донесе проблеми и откажување на финалето кое требаше да се одигра на Адриа Тур.
Димитров на социјалните мрежи за своите фанови сподели дека е позитивен на Ковид19 и дека е веќе во изолација, за веднаш потоа да бидат направени повеќе тестови, кои покажале дека уште нови тројца од неговиот табор се позитивни кои биле во негова близина.
Освен бугарскиот тенисер, сега официјално позитивни се уште и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ, Борна Чориќ, и Марко Паники, додека третиот во оваа сесија тестирања е тренерот на Димитров, Кристијан Грокс.
Новак Ѓоковиќ одбил да се тестира во Задар бидејки не чувствувал симптоми, па со посебни медицински протоколи, тој тоа ќе го стори по враќањето во Белград.
Можеби ќе ве интересира: