РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ ФРАНЦИЈА ВО БАРАЖОТ ЗА СП 2021

Во Виена се одржа извлекувањето на двојките за баражот за Светското првенство што во јануари 2021 година ќе се игра во Египет. Македонија, како дел од вториот шешир во извлекувањето, за противник во баражот ја доби селекцијата на Франција.

Zito akcija 640x289px

Првиот меч од баражот ќе се игра во Скопје во периодот од 05 до 07 јуни, додека ревашнот во Франција ќе се одигра во периодот од 09 до 11 јуни.

Agria

На Светското Првенство во Египет, покрај организаторот и актуелниот шампион Данска, пласман веќе имаат обезбедено: Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго, Мароко, Тунис, Бахреин, Јапонија, Катар, Јужна Кореја, Аргентина, Бразил и Уругвај.

Светското Првенство ќе се игра во пет градови: Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор. Ќе настапат вкупно 32 репрезентации поделени во осум групи по четири репрезентации, а предвидено е да се игра во периодот од 14 до 31 јануари 2021 година.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: