Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) денес со соопштение ја информираше јавноста дека е донесена конечна одлука за судбината нa Првата кошаркарска лига.
По неколку недели поминати во преговори и предлози од страна на неколку клубови и по нивното изјаснување, управниот одбор на федерацијата го имаше последниот збор и денес стави крај на сите дилеми околу завршувањето на сезоната и конечната разврска околу шампионската титула.
Иако МЗТ Скопје Аеродром понуди неколку опции и решенија за да се доигра сезоната и да се добие новиот шампион на теренот, Управниот Одбор на македонската кошаркарска Федерација денеска го искажа својот дефинитивен став со кој секако ги разочара аеродромци.
Инаку, треба да се напомене дека претходно и клубовите изгласаа дека сезоната треба да биде прогласена за неважечка, а во дадената ситуација најголема штета претрпе МЗТ кој на секој начин сакаше да се бори за нова титула, односно за трофејот за кој беше главен фаворит.