Репрезентацијата на Македонија го доби противникот за историската бараж средбтаа за пласман на Светското првенство кое во 2022 година ќе се игра во Катар.
Противник на избраниците на Благоја Милевски ќе биде селекцијата на Италија, додека доколку се мине во финалето од баражот, ќе играме со подобриот од двојката меѓу Португалија и Турција.
Содржината продолжува под рекламата
Македонија ќе биде гостин во полуфиналната бараж средба и истата ќе се игра на 24 или 25 март, додека финалето е закажано за 28 или 29 март.
Содржината продолжува под рекламата
Среќата не ги посака нашите репрезентативци кои сигурно ќе се израдуваа доколку беа во групат А од баражот каде се најдоа селекциите на Шкотска, Украина, Велс и Австрија.
Три селекции ќе обезбедат пласман на Светското првенство по одиграните бараж средби на крајот на март следната година.
Шкотска- Украина
Велс- Австрија
Русија- Полска
Шведска- Чешка
Италија- МАКЕДОНИЈА
Португалија- Турција
Можеби ќе ве интересира: