Алмами Кеита, братот на играчот од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита, е еден од деветтемина загинати во автобуската несреќа на неговиот клуб Етоил де Гвинеј.
Клубот патувал на натпревар против Карифамориох кога сопирачките наеднаш откажале.
„Возевме по удолнината и сопирачките наеднаш откажаа, а возачот не можеше да го контролира возилото. Следно нешто на што се сеќавам е ударот во дрво”, раскажа преживеаниот тренер Абдурахман Конде.
Во автобусот имало 22 играчи, четворица стручни лица и возач. Девет патници загинаа, а 18 беа повредени, неколку од нив сериозно.