Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Наумче Мојсоски го прифати предизвикот од Борко Ристовски и денес на социјалните мрежи сподели:
Предизвикот на Борко Ристовски не само што е прифатен туку е надграден.
Не само што купувам македонски произвоиди, туку и донирам на оние на кои им е најпотребно, особено во време на криза. Доброто, со добро се враќа. Борко, донирав јас, донирај и ти.
На крајот, Мојсоски не пропушти да го „пецне“ својот колега со коментарот: „Ристовски, моето презиме како и сечие, се пишува со голема буква.“