Реал Мадрид ги освои трите бода против Алавес и е на две победи до шампионската титула во Шпанија.
По трумфот на синоќешниот меч, тренерот Зинедин Зидан го истакна голманот Тибо Куртоа како главен фактор за тоа што Реал повторно не прими гол.
Ни остануваат уште три натпревари, сега е време да одмориме пред новиот предизвик. Добро е што во моментов не примаме многу голови. Куртоа има големо влијание за ова, тој има важна улога за тоа што престанавме да примаме погодоци, изјави Зидан.
Французинот потврди дека неговиот сонародник Карим Бензема заработил повреда, но верува дека не се работи за нешто сериозно и тој ќе биде подготвен за гостувањето кај Гранада во Понеделник.
Можеби ќе ве интересира: