Реал Мадрид е во пол-позиција на пет кола до крајот на Примера, односно има отворен пат до пехарот во шпанскиот шампионат со оглед на тоа што има четири бода повеќе во однос на второпласираната Барселона.
Сепак и покрај предноста нема опуштање во таборот на „кралевите“ и тоа се гледа по пораката која ја испрати тренерот Зинедин Зидан во пресрет на тешкото гостување во Баскија кај Атлетик Билбао.
Играчите знаат дека ова е комплицирано, тешко, долго натпреварување. Нема еуфорија затоа што немаме ништо освоено. Има работа и посветеност за да бидеме добри и да се обидеме да победиме на натпреварите, истакна Зидан кој нема да смета на повредени Азар, Начо и Варан за дуелот со Билбао.
Извор: derbi.mk
Можеби ќе ве интересира: