Албанската полиција ги презема сите потребни мерки за да го гарантира јавниот ред и безбедноста во туристичките и крајбрежните области во текот на летната сезона.
Државната полиција информираше дека се ангажирани 1.600 припадници на полицијата од повеќе сектори, меѓу кои и единицата за брза интервенција. На располагање на овие сили ќе бидат 180 возила, автомобили, комбиња, мотоцикли, велосипеди и пловни објекти.
Генералниот директор на државната полиција, Арди Велиу, побарал од сите полициски структури максимална посветеност со цел да спречат и идентификуваат нелегалности, да ги зголемат безбедносните параметри во туристичките области, на плажите, во спречувањето на сообраќајни несреќи, да интервенираат навреме за да се спречи евентуален криминален настан или да се нормализира сообраќајот во случај на поголема фрекфенција.
Полициските служби треба да носат маски, за да го заштитат нивното здравје и здравјето на граѓаните, затоа што имајќи ги предвид бројките на заболените од вирусот, треба строго да се почитува оваа многу важна мерка, порача Велиу.
Според него, државната полиција останува одлучна да создаде побезбедна околина за туристите, посетителите или годишно одморците и ги повикува граѓаните да се јават на бесплатниот телефонски број 112 или директно да се обратат за какви било проблеми или откриени незаконитости, гарантирајќи ја анонимноста за целосен, брз и непристрасен одговор.
Во меѓувреме полека се зголемува бројот на оние кои одлучиле да одмараат на албанското крајбрежје. Засега најбројни се косовските, во помал број се македонските граѓани, а има туристи и од Белорусија,Украина и Полска.
Извор: libertas.mk
Можеби ќе ве интересира: