108 години од раѓањето на првиот претседател на Македонија – Киро Глигоров

Kiro Gligorov

Денеска се навршуваат 108 години од раѓањето на Киро Глигоров – првиот претседател на независна Македонија, човекот што нè водеше низ еден од најважните периоди во историјата на државата.

Zito akcija 640x289px

Роден во 1917 година во Штип, Глигоров останува запаметен како мудар политичар кој веруваше во мир, стабилност и заедништво. Неговата порака „Македонија е сѐ што имаме“ и денес одекнува со значење.

Agria

Во негова чест, Општина Штип и Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ денеска организираа отворен ден во Спомен-собата, каде што посетителите можеа да погледнат лични предмети, фотографии и документи од животот на Глигоров. Беа достапни и нови флаери со информации за неговата работа и улога во историјата.

„Овој ден го обележуваме секоја година за да не заборавиме кој беше Киро Глигоров и што направи за Македонија“, рече Кирил Панајотов од Општина Штип. Тој истакна дека собата постои благодарение на семејството Глигорови и дека Центарот уште од 2017 го носи неговото име.

Киро Глигоров беше претседател од 1991 до 1999 година, и почина на 1 јануари 2012 година. Неговото наследство денес живее низ институциите, но и низ спомените на сите оние кои ја паметат неговата пораката за трпеливост, дијалог и љубов кон татковината.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: