Во текот на денешниот ден полициски службеници од Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
“Денеска (04.09.) во периодот од 08 до 14 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на автопатот Скопје-Велес, при што санкционирани се 109 возачи. 21 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца со дури над 70 километри на час над дозволеното.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.,“ соопштија од МВР.
Содржината продолжива под рекламата
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесеза посигурни патишта.
Можеби ќе ве интересира: