Четириесет полицајци од контингентот на граничната полиција, државјани на Република Чешка, биле тестирани за ковид-19 во изминатото деноноќие во Гевгелија, а за 12 од нив се потврдило дека се позитивни на корона вирусот.
Од полицајците никој немал симптоми на заболување од коронавирусосот но резултатите покажале дека 12 сепак се заразени.
Веднаш штом било утврдено дека 12-те полицајци се позитивни на коронавирусот, тие биле ставени во изолација, а дополнително ќе биде одлучено дали ќе се вратат во Чешка или нивното лекување ќе биде во Македонија.
Претпоставките се дека вирусот на полицајците им го пренеле мигрантите.
Можеби ќе ве интересира: