ТРЕТА НЕСРЕЌА ВО ЕДЕН ДЕН ВО ВЕЛЕС: 14-годишно девојче синоќа е повредено во сообраќајка кај Пабот

14-годишно девојче синоќа било повредено во сообраќајна несреќа, откако околу 22:15 часот таксист го удрило на главната улица, во близина на „Пабот“. Граѓани кои се нашле на местото на несреќата, го префрлиле детето во болница, каде што, за среќа, му се констатирани полесни повреди.

Zito akcija 640x289px

„Девојчето кое е донесено во болница синоќа и кое било удрено од автомобил има само површински повреди на лице“, рече др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Agria

Велешката полиција изврши увид на местото и излезе со детали за несреќата.

„На 04.10.2020 околу 22.15 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, такси возило „даеву тико“ со велешки регистарски броеви, управувано од Т.Л.(40), удрил во 14-годишен малолетник. Во незгодата, малолетничката се здобила се телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес“, соопшти Вероуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Ова е трета сообраќајна несреќа која се случи вчера во Велес. И покрај засилените полициски контроли на сообраќајот, речиси да нема ден без сообраќајна несреќа во градот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13592/so-skrshen-nos-zavrshi-veleshaneczot-od-sinokeshnata-soobrakajka-kaj-semaforite/