Во ковид статистиката на Министертвото за здравство денес не се регистрирани нови случаи на ковид-19 во Велс, не се регистрирани ниту оздравени пациенти. Во Велес во моментов има 12 активни случаи со ковид-19. Од нив, во ковид центарот на Инфективно одделение на велешката болница се хоспитализирани тројца пациенти, од кои еден е на кислородна поддршка.
Во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 79, Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по 6, Радовиш – 3, Струмица – 2, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 32 оздравени пациенти, пријавени се 2 починати лица од Тетово (31г и 70г) во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099.
Можеби ќе ве интересира: