По неколкучасовни преговори вечерва Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги приближија ставовите и се договорија платите на вработените во образованието од септември да се зголемат за 15 проценти и да нема кратење на платите за периодот додека траеше штрајкот. Истите работи ќе важат и за вработените во градинките.
Овие предлози од помирувачот треба да бидат прифатени од членството и од Советот на СОНК кој ќе треба да го овласти Неделков да потпише спогодба кој се очекува да биде потпишана во следните десетина дена.
Содржината продолжува под рекламата
Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На 28 април штрајкот беше ставен во мирување откако синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со потсредство на медијатор. По назначувањето на медијаторот, почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН кој на истекот на законски утврдениот рок од 20 дена заврши со усогласување на ставовите на двете страни.
Можеби ќе ве интересира: