16-годишната Џулија е најмладата жртва на коронавирусот во Франција, и се верува дека е најмладата жртва на коронавирус во Европа.
Нејзината мајка изјави за медиумите дека Џулија имала блага кашлица пред една недела, а исто така имала потешкотии со дишењето во саботата.
Таа била примена во болница каде биле извршени повеќекратни тестови за коронавирус, на кои се покажале дека е позитивна. Нејзината состојба драматично се влошила за само неколку дена и таа починала во четвртокот.
Џулија е од Лонжимо , градче јужно од Париз. Нејзината сестра ги предупреди сите преку медиумите дека вирусот не е опасен само за постарите и болните.
„Од почетокот ни беше кажано дека вирусот не влијае многу врз младите. Ние верувавме во тоа, како и сите други“, изјави нејзината сестра за медиумите.
Џулија немала здравствени проблеми или некои хронични заболувања.